И по четврти пат оваа сезона ќе гледаме финале меѓу двајцата најдобри тенисери во светот, Јаник Синер и Карлос Алкараз и тоа во Синсинати.
Имено откако Италијанецот прв се избори за завршниот меч, тоа го стори и Шпанецот откако славеше во полуфиналето против Александер Зверев со 2:0 во сетови во меч кој траеше 1 час и 45 минути.
Карлито и тоа како си искажа својата класа во двата сета. Првиот го доби со 6:4 а вториот со 6:3.
Германецот колку и да се трудеше, сепак на крајот мораше да му честита на Карлито кој се пласира во уште едно финале за уште една супер пресметка со Јаник Синер.