Алонсо пред дебито во Примера: Првиот меч е секогаш важен

89

Денеска на официјална прес конференција дебитантска откако седна на клупата на Реал Мадрид по повод првото коло во новиот Примера шампионат, седна Џаби Алонсо.

Тој го најави утрешниот домашен меч против тимот на Осасуна кој стартува од 21:00 часот.

„Првиот меч, оној дебитантскиот е секогаш важен. Возбудени сме сите што е нормално. Покажавме на каде сакаме да одиме за време на Светското клупско првенство. Светот ги виде нашите идеји. Нормално дека треба време, но мислам дека сме на добар пат“ – рече Алонсо.

Тренерот на „Кралевите“ зборуваше и за желбата на клубот да го одложи натпреварот со Осасуна:

Тоа беше за здравјето на играчите. Ќе беше убаво да добиеме поддршка. Нема изговори. Желбата и срцето честопати ве туркаат посилно од нозете“.

„Се согласувам целосно со изјавата на клубот. Доколку правилата се променат, тоа мора да биде со одобрение од сите клубови, а тоа не се случило“, рече Чаби Алонсо за потенцијалното преместување на натпреварот Виљареал-Барселона во Мајами. – изјави Алонсо. 

 

ПретходноФаворитите славеа во воведното коло од Прва ЖФЛ
СледноАлкалоид со трета победа на подготовките