Откако Пафос го мина Динамо Киев во 3.квалификациско коло во ЛШ, сите во таборот на Ц. Звезда помислија дека работата е завршена, посебно во фудбалска Србија, и дека српскиот шампион е веќе во лигашката фаза во ЛШ.
Но, тоа што завчера тимот од Кипар во првиот меч од плеј – офот го покажа на “Маракана“ среде Белград, сите ги шокира. Не толку од поразот од 1:2, туку повеќе од тоа колку Пафос беше подобар тим од “црвено – белите“.
Се ова најтешко му падна се разбира на првиот човек на Ц. Звезда, Ѕвездан Терзиќ кој даде по малку чудна изјава, веројатно да се охрабри себе си најмногу, по сите оние потрошени силни милиони евра ова лето за засилувања:
„Ц. Звезда е подобар тим од Пафос, ние ќе победиме во реваншот на Кипар и ќе се пласираме во Лигата на Шампионите. Лига Европа не е опција за Ц. Звезда“ истакна покрај другото Терзиќ.
Да го видиме и тоа чудо следната недела.