Официјално: Шкендија го претстави Мазари! (ВИДЕО)

245
ФОТО: KF Skendija/FB

Она што беше најавено во текот на денешниот ден, за тоа извести и “СпортСпорт“, од попладнево е и официјално. Атдхе Мазари и новиот напаѓач на Шкендија. Тој треба да биде замената за Фабриз Тамба кој ќе се сели во Турција за 600.000 евра. Инаку потписот со Мазари, односно неговата позајмица, се забрза ако се знае дека Фитон Адеми, одличниот напаѓач на Шкендија и младински репрезентативец на Македонија се повреди и ќе мора да отсуствува околу две недели.

Инаку Мазари досега го носеше дресот на Вараждин каде отиде во јануари и тоа од Работнички.

ПретходноМилан го пронајде својот нов напаѓач во Баер Леверкузен
СледноРК Бутел се засили со младински репрезентативец на Јапонија!