РК Бутел се засили со младински репрезентативец на Јапонија!

41
ФОТО: RK Butel/FB

Младинскиот репрезентативец на Јапонија, Рио Козакаи, е најновото засилување за тимот на Бутел Скопје. Козакаи има 21 година, а доаѓа од составот на Цукуба од Јапонија и за него ова ќе биде прво искуство надвор од татковината.
Настапува на левата бековска позиција, игра во двата правца, а со тимот на РК Бутел се обврза на договор од една сезона.
Тој ќе дебитира на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, иако на екипата на Горан Кузманоски и се приклучи неодамна.

ПретходноОфицијално: Шкендија го претстави Мазари! (ВИДЕО)
СледноДимитриевски побарал да си оди од Валенсија!