Мота: Губевме топки, многу грешевме, Шкендија покажа дека е силен тим

244
ФОТО: FC Ludogorec/FB

Бугарскиот шампион Лудогорец, иако беше фаворит во Скопје, заминува поразен на првиот плеј-оф меч од Лигата на Европа против нашиот првак Шкендија. По поразот вечерва од 2:1, тренерот на гостите беше видно разочаран на прес-конференцијата.

„Добро почнавме, но откако го примивме тој гол за израмнување, како да престанавме да играме. Шкендија покажа дека има брзи играчи по крилата, по две контри примивме два гола. Губевме многу топки, мораше да бидеме подобри во тој сегмент и да не грешиме. Знаевме дека Шкендија е силен тим и не успеавме да ги запреме“, изјави тренерот на Лудогорец, Руи Мота.

Реваншот е следниот четврток во Разград.

ПретходноДончиќ немоќен против Јокиќ и другарите: Словенија „здробена“ на контролата во Белград
СледноБеќири задоволен: Ова беше одлична Шкендија, победивме со игра