Секулиќ ги одбра кошаркарите со кои Словенија патува на Евробаскетот 2025

63
фото: Luka Donkicks (X)

Веднаш по тешкиот пораз во Белград од селекцијата на Србија, селекторот на кошаркарската репрезентација на Словенија, Александар Секулиќ, објави кој нема да патува на Европското првенство. Миха Черквеник и Жак Смрекар беа последните кои се елиминирани, па веќе се познати дефинитивните 12 патници во дресот на Словенија на Евробаскетот 2025.

На листата на Секулиќ се најдоа:

Лука Дончиќ, 201 см, Лос Анџелес Лејкерс

Алексеј Николиќ, 191 см, Цедевита Олимпија

Марк Паџен, 198 см, Илирија

Клемен Препелиќ, 191 см, Дубаи

Леон Стергар, 193 см, Лимож

Грегор Хроват, 196 см, Дижон

Рок Радовиќ, 201 см, , Цедевита Олимпија

Роберт Јурковиќ, 207 см, Илирија

Мартин Крампељ, 206 см, Билбао

Едо Муриќ, 202 см, Илирија

Лука Шчука, 210 см, Брауншвајг

Ален Омиќ, 216 см, без клуб

ПретходноЧелзи продаде уште еден играч: Веига во Виљареал
СледноПолувреме: Компаоре од пенал за водство на Струга ТЛ!