ОХРИД 2025: ГРК Охрид загуби од Нексе, ама си закажа финале со Пелистер!

64
ФОТО: GRK Ohrid/FB

Ракометарите на ГРК Охрид и Пелистер ќе играат во финалето на турнирот “Крсто Андоновски“ или ОХРИД 2025. Имено вечерва во салата “Билјанини Извори“, домашните ракометари беа поразени од Нексе со 29:30, но и тоа им беше доволно да завршат како први во групата, ним секој резултат им одговараше само не пораз со поголема разлика од три гола. До тоа и дојдоа против Нексе и затоа ќе се борат за трофејот против Пелистер на овој силен меѓународен турнир.

Финалето се игра утре од 20 часот, додека за трето место битка ќе бијат Вардар и Нексе, меч кој почнува во 17:45 часот.

ПретходноХари Кејн тргна со хет-трик, Баерн Минхен го “распарчи“ Лајпциг!
СледноАлкалоид подобар и од Шкофја Лока!