Решат Рамадани добива повик за А репрезентацијата на Македонија

277

По одличните игри во дресот на Шкендија летово, и изборувањето на европската есен, офанзивецот на тетовци, Решат Рамадани добива повика за А репрезентацијата на Македонија за претстојниот септемвриски прозорец.

Македонија во тој термин го игра пријателскиот дуел во Прага против репрезентацијата на Саудиска Арабија на 4 септември, како и квалификацискиот дуел од Мундијалската кампања против Лихтенштајн на 9 септември во Скопје.

Рамадани во моментов има 22. години во моментов е позајмен фудбалер на Динамо Киев во неговиот матичен клуб.

Селекторот Милевски очигледно дека и тоа како го виде прогресот на формата на Рамадани во изминатиот период, по што се одлучи да го повика за претстојните дуели.

 

ПретходноЈагуриновски се повреди, го чека подолга пауза
СледноДРЖАВНА ЛОТАРИЈА – ВО ПОДДРШКА НА КУЛТУРАТА И ОШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ