Голем подвиг на македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев и фантастично достигнување. Поп Ацев успеа да го преплива Ла Манш и со тоа стана петтиот Македонец кој успеал да го направи тоа.
Ова беше голем предизвик за Поп Ацев, но успеа да се справи со него и за 9 часа и 43 минути успеа да ја преплива тешката делница која важи за еден од најголемите спортски предизвици воопшто.
Па така Поп Ацев по Нико Нестор, Атина Бојаџи, Томи Стефановски и Игор Димовски е петтиот Македонец кој успеал да го направи тоа.
Инаку тој е трикратен светски првак во маратонско пливање успеа да се впише во историјата на пливањето.
Да се преплива Ла Манш е еден од најголемите предизвици за секој пливач, ете Поп Ацев успеа во тоа.
Браво за македонскиот пливач кој го оствари својот сон.