Денеска стартува и новата сезона во Купот на Македонија. На програмата се шест средби, а со оглед на тоа дека од оваа сезоба прволигашките натпревари се играа во неколку дена, така и ова 1/16 финале ќе се игра “развлечено“.
Познато е дека Вардар го брани трофејот, но овој клуб заедно со вториот финалист Струга ТЛ, е слободен во ова коло.
Па така денеска од 16 часот се играат средбите Башкими од Горно Јаболчиште – Детонит, меч кој се игра во Велес, потоа Карбинци – Работнички, Евротип – Силекс, Охрид – Брера, Љуботен – Македонија ЃП и Победа (В) – Брегалница. Победниците одат во 1/8 финалето.
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 16 Ч
Велес: Башкими 2008 – Детонит
Карбинци: Карбинци – Работнички
Новаци: Евротип – Силекс
Охрид: Охрид – Брера
Валандово: Победа (В) – Брегалница
Скопје: Љуботен – Македонија ЃП
27.08.2025 – 16 Ч
Струмица: Беласица – Арсими
02.09.2025 – 15:30 Ч
Куманово: Шкендија (А) – Саса
03.09.2025 – 15:30 Ч
Петровец: Пчиња – Новаци
Тетово: Тетекс – Пелистер
09.09.2025 – 15:30 Ч
Прилеп: Победа – Башкими
10.09.2025 – 15:30 Ч
Гевгелија: Кожуф – Шкупи
Тетово: Јени Мале – Шкендија
Скопје: Скопје – Тиквеш