Милевски утре го објавува списокот за С.Арабија и Лихтенштајн

277

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, утре на официјална прес конференција која што ќе започне ви 11:00 часот ќе го објави списокот на репрезенативци на кои ќе смета за претстојните мечеви против С.Арабија односно Лихтенштајн.

Првиот, како што е добро познато е од пријателски карактер и ќе се одигра на неутрален терен на 4. септември во Прага.

Од друга страна пак, мечот против Лихтенштајн е дел од квалификациите за следниот Мундијал, и го играме на Националната Арена Тодор Проески во Скопје на 9. септември.

 

ПретходноЕве зошто сите сакаат да играат во Реал! (ФОТО)
СледноНико Ковач ќе биде тренер на Борусија Дортмунд до 2027 година