Малку, сосема малку недостигаше Баерн Минхен и тоа како да се избламира и тоа на гости кај третолигашот Вехен во Визбаден, во меч од 1.коло во Купот на Германија.
Се играше 90+4.минута при резултат 2:2, Хари Кејн постигна победнички гол за пласман во следната фаза.
Треба да се каже дека неколку минути претходно, исто на 2:2, Хари Кејн промаши пенал.
Баварците играа речиси со прв тим, а имаа и водство од 0:2, но ете за малку ќе беше сензација.