Аморим по епската брука: “Подобриот тим победи, да го заборавиме овој меч што побргу!“

173
фото: Printscreen

Она што Манчестер Јунајтед синоќа им го приреди на своите фанови, е само  епска брука и ништо помалку. Клубот од “Олд Трафорд“ беше елиминиран во 1/32 финале во Лига Купот и тоа од некој си Гримсби, клуб кој се натпреварува во четвртата лига во Англија. И не само елиминацијата туку и начинот на кој дојде до тоа.

Гримсби имаше 2:0, па Јунајтед израмни на 2:2 за до пенал серијата тимот на Рубен Аморим беше поразен за еуфорија кај нисколигашот.

После мечот еве што кажа стратегот на Јунајтед:

Во текот на целиот меч не одигравме како што треба, не беше ни важно дека сме израмниле на 2:2. Според мене подобриот тим победи. Тоа е тоа, ние загубивме а подобриот тим победи. Ќе треба што побргу да го заборавиме овој натпревар“ разочаран беше Аморим.

ПретходноМаестро Лео: Меси со два гола му донесе на Интер Мајами финале во Лига Купот! (ВИДЕО)
СледноОфицијално: Донгмо си замина од Вардар и се пресели во романскиот Петролул! (ФОТО)