Иако минаа само три кола во новата сезона во ПМФЛ, дојде до првата тренерска смена. Бојан Маркоски не е веќе шеф на струката на Работнички. Ова утринава преклу своите социјални мрежи и официјално го објави клубот од Дебар Маало кој оваа сезона, ако не се смета Купот на Македонија, ја почна лошо, со само еден бод од можните девет.
Како што велат од Работнички, договорот е раскинат спогодбено.
Инаку јавна тајна дека клубот е во финансиски проблеми, во летниот преоден рок не успеа да донесе адекватни засилувања, па ова заминување на Маркоски и не е така неочекувано кој го презеде тимот ова лето откако Горан Станиќ ја презеде У-21 селекцијата на Македонија.
Значи Маркоски не издржа ни три месеци во Работнички. Сега интересно ќе биде кој ќе седне на “жешката“ клупа на клубот од Дебар Маало.