Големо изненадување направи репрезентацијата на Грузија, во рамките од денешната програма на ЕВРО кошаркарскиот самит.
Грузијците ја совладаа репрезентацијата на Шпанија која што важи за еден од кандидатите за највисок пласман.
Конечните 83:69, се резултат на континуираната одлична игра на грузијците во текот на целиот меч. Добија три од четирите четвртини што беше и пресудно за конечен триумф.
Мамукелашвили најдобар со 19. поени и седум скока, а го следеше Битадзе со 15 поени.
Во вториот дуел од попладневната програма, тимот на Израел со 83:71 беше подобар од Исланд.