Удинезе го шокираше Интер во Милано, Лацио убедлив против Верона (ВИДЕО)

80
фото: Udinese Calcio (X)

Интер направи голем „кикс“ на стартот на новата сезона во Серија А. иако беше голем фаворит на вечерашниот дуел со Удинезе, миланскиот гигант дозволи да доживее пораз на домашен терен од 1:2 и да им даде голема предност на лутите ривали во трка за титулата.

За „нероаѕирите“ се тргна добро. Дамфрис погоди во 17. минута за водство од 1:0, но гостите одлично се вратија и до паузата веќе направија пресврт. Најпрво Дејвис од пенал израмни на 1:1 во 29. минута, додека Ата во 40. минута се потруди за комплетен пресврт и водство од 1:2 (ВИДЕО).

иако Интер доминираше во вториот дел, тимот не успеа да најде начин барем да се избори за реми.

Лацио по изненадувачкиот пораз на стартот вечерва славеше над Верона со убедливи 4:0. Во Рим „лацијалите“ доминираа и уште во првиот дел го најавија триумфот. Гендузи, Закањи и Кастељанос со по еден гол на „римските“ орли им донесоа предност од 3:0 на паузата. Конечните 4:0 беа дело на диа во 82. минута.

ПретходноАлкараз го реши и Риндеркнеш и се пласираше во четвртфиналето на УС Опен
СледноЕП 2025: Италијанците подобри од БиХ, Полска се радуваше по третпат