Рамадани: Среќен сум за повикот, целта се бодови и позитивни резултати

185

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги стартуваше подготовките за претстојниот септемвриски квалификациски прозорец. Во него, во првиот термин немаме закажана квалификациска средба, па затоа спарингуваме со Саудиска Арабија во Прага на 4 септември, а три дена подоцна во Скопје доаѓа вистинскиот предизвик.

Меч против Лихтенштајн и атак на три нови бодови кои што ќе значат зацврстување на и онака одличната позиција која што во моментов ја имаме на табелата. Осум бода од четири меча и прво место.

Дебитантот, играчот на Динамо Киев на позајмица во неговата матична Шкендија, Решат Рамадани со своите одлични игри летово и тоа како го заслужи повикот на селекторот Милевски.

„Среќен сум што сум дел од овој собир, со фактот што добивам повика за А репрезентацијата, од селекторот Благоја Милевски. Секако дека се надевам на позитивни резултати, како на пријателскиот дуел против Саудиска Арабија, така и на квалификацискиот дуел против Лихтенштајн што го играме на домашен терен. Целта секако е пласман на големо натпреварување како Мундијалот, кој што е сон на секој фудбалер. Одиме меч по меч, претпазливо и одговорно“ – изјави Рамадани.

ПретходноМакедонија со 11 претставници на World Table Tennis натпреварот во Скопје
СледноРаботнички против Шелбурн во младинската Лига на УЕФА