ФИФА не сака да го регистрира Лапорт во Атлетик (Б) затоа што Ал Наср задоцнил со договорот

152

ФИФА ја отфрли регистрацијата на Ајмерик Лапорт во Атлетик Билбао, затоа што Ал-Наср задоцни со испраќањето на деталите за трансферот. Претходно беше познато дека Шпанците се договориле и го завршиле трансферот на дефанзивецот на Ал-Наср, но саудискиот клуб доцнел со испраќањето на договорт и внесување на истиот во системот на ФИФА.

Според „Ас“, ФИФА одбила да го регистрира 31-годишниот фудбалер. Атлетик има право да поднесе жалба на оваа одлука до Спортскиот арбитражен суд (CAS), што практично е и единствена шанса на клубот да издејствува доаѓање на Лапорт во клубот пред следниот преоден рок.

ПретходноЕП 2025: Италија ја порази Шпанија, Франција и нанесе прв пораз на Полска
СледноНовак Ѓоковиќ завери полуфинале и стигна до нов рекорд на УС Опен!