Македонската фудбалска репрезентација во моментов го игра пријателскиот дуел против селекцијата на Саудиска Арабија во Прага. На полувреме резултатот е 1:1, а она што вреди, мора да се спомене во моментов е погодокот на Александар Трајковски за наше водство кое потоа беше „поништено“ за жал за погодок на противникот во последните моменти од полувремето.
Трајковски погоди во 40. минута на асистенцијата на Деспотовски со прекрасен, маестрален потег. Каков што само може да се посака. Со најтешкиот фудбалски потег. Со „ножички“. Ја зафати топката како најголемите фудбалски мајстори. Марадона, Пеле, Роналдо.
Постогнувал Аце голови и голови во неговата кариера, оној против Италија во баражот во Палермо е нашето ремек дело… но ова денеска, е совршенство на фудбалската игра. Уживајте….