Македонија поразена од Саудиска Арабија (ВИДЕО)

212

По цели десет натпревари, фудбалската репрезентација на Македонија е поразена на еден дуел. Избраниците на селекторот Благоја Милевски вечерва се поразени од Саудиска Арабија во Прага, Чешка, каде што го одигравме пријателскиот натпревар во овој репрезентативен прозорец, со конечни 2:1.

Во дуел во кој нашиот национален тим настапи со комбиниран состав пред се во првите единаесет видовме добри наши моменти, но и нешта на кои треба да поработиме. Лошо е што загубивме, но од друга страна пак е добро што ова е само пријателски меч кој што не значи ништо за разлика од оној дуел кој што не очекува на 7 септември во Скопје, кога на Арената во Мундијалските квалификации го пречекуваме националниот тим на Лихтенштајн.

ФАНТАСТИЧЕН гол на Трајковски

Првиот дел мина реално во стилот и играта на Саудиска Арабија. Имаше противникот две ситуации пред голот на Димитриевски но не реализираше. Од другата страна пак се играше 40. минута кога Стефан Деспотовски нафрли на втората статива од десно, за да таму Александар Трајковски со „ножички“ го постигне еден од најубавите голови воопшто во националниот тим. Ама буквално цекиот стадион аплаудираше на оваа бравура.

Израмнување уште пред полувреме

Сепак, Македонија на одмор не замина со предност. Противникот решен на овој меч да обезбеди позитива веднаш по примениот гол тргна да напаѓа и успеа во таа намера. Убавата акција по средина ја заврши Ал Бураикан со одмерен удар во десниот горен агол на голот на Димитриевски.

Мирно второ полувреме и негатива по наша грешка

Во второто полувреме, Македонија направи доста измени, во кои во игра влегоа нашите стартери Барди, Елмас, Костадинов и сл, но Македонија не одработи сериозна акција која што би го загрозила голот на Саудиска Арабија. Напротив, во моментите кога ама буквално ништо не се случуваше на теренот, нашата потесна одбрана погреши, тоа саудијците го искористија и преку Ал Хамдан успеаа да реализираат за 1:2.

До крајот Македонија реално ниту можеше, ниту создаде некоја посериозна шанса за да израмни, факт што секако му одеше во прилог на противникот.

Како и да е, Македонија сега треба, мора да се сврти кон она што реално и е припритет во овој квалификациски прозорец. А тоа е дуелот против Лихтенштајн на домашен терен на 7 септември, каде што со евентуален триумф ќе имаме веќе единаесет бода во оваа тековна кампања и сериозни шанси за пласман на Мундијалот.

Македонија – Саудиска Арабија 1:2 (1:1)

Стрелец: Трајковски 40 (М)

Македонија: Димитриевски, Деспотовски, Серафимов, Велковски (Илиевски 46), Муслиу, Алиоски (Ќамили46), Атанасов, Алими (Барди 60), Станковски(Елмас 60), Трајковски (Растодер 46), Ристовски (Костадинов 75)

ПретходноВелс победи и е лидер во нашата група
СледноНеверојатниот Дончиќ донесе нова победа за Словенија, Италија го „прескокна“ Кипар