Тежок пораз на репрезентацијата на Македонија генерација 2006 на традиционалниот турнир Влатко Марковиќ во Хрватска. Против домаќинот предмалку во Карловац, загубивме со 7:1, полувреме 3:0. Стрелец на единствениот гол за нас беше Дарко Сековски.
Ние настапивме во истиот стартен состав како и на првиот меч кој го одигравме на овој турнир против селекцијата на Белорусија.
Утре го играме третиот меч од овој турнир, против соодветната селекција на Бугарија. Потоа следува меч за разигрување и конечниот пласман на турнирот.