Алкараз по победата над Ѓоковиќ: Ова не е најдоброто од мене! Го сторив тоа што го посакував!

121
Фото: US Open/Twitter

Вториот тенисер во светот, Карлос Алкараз, се пласира во своето второ финале на УС Опен во кариерата, откако рутински славеше против Новак Ѓоковиќ во Њујорк. По завршувањето на мечот даде кратка изјава во која истакна дека неговата игра сепак не била на највисоко ниво.

Шпанскиот тенисер за нешто помалку од два и пол часа го надигра Ѓоковиќ, а во изјавата по дуелот нагласи дека „целта му била“ акцентот да се стави на физичката борба, што на крајот и беше клучот за триумфот.

„Навистина прекрасен чувствo. Финалето за мене е фантастично, многу ми значи. Ова не беше моето најдобро издание ниту моето најсилно ниво на тенис, но ми беше важно да останам фокусиран во мечот. Ова беше исклучително физички меч, токму тоа и го посакував. Задоволен сум што ќе играм второ финале на УС Опен“, изјави Алкараз по победата над Ѓоковиќ во Њујорк.

Шпанецот во борбата за нова грен слем титула ќе игра против Јаник Синер.

ПретходноВМФЛ: Дерби на Автокоманда -“Пиратите“ ја дочекуваат Шкендија (А)
СледноЏордан Скипер Браун е најновото засилување на Пелистер