Денеска од 16 часот на програмата се седум натпревари од 3.коло во ВМФЛ.Секако дека дербито на колото е она меѓу Скопје и Шкендија (А). Тоа ќе биде голема битка ако се знае дека се среќваат две квалитетни екипи. „Пиратите“ предводени од тренерот Александар Таневски ќе се обидат да и го нанесат првиот пораз на екипата од Арачиново која како повратник во ВМФЛ одлино стартуваше, со две победа од два меча. Од друга страна Скопје има една победа и еден пораз.
Се очекува исто така да биде интересно и на средбата Детонит – Слога (В), додека Преспа и Г.Коњари на свој терен ќе се обидат да дојдат до први бодови против Победа и Беласица.
Во продолжение можете да ги видите сите натпревари кои се играат денеска:
ДВОЈКИ ЗА 3.КОЛО – ДЕНЕСКА (16:00 Ч)
Новаци – Вардар (Н)
Саса – Кожуф
Преспа – Победа
Охрид – Осогово
Скопје – Шкендија (А)
Г. Коњари – Беласица
Детонит – Слога (В)
08.09.2025 – 16:00Ч
Брегалница – Тетекс
ТАБЕЛА
Шкендија (А) 6, Осогово 4, Брегалница 4, Кожуф 4, Беласица 4, Детонит 3, Слога (В) 3, Новаци 3, Скопје 3, Тетекс 3, Вардар (Н) 3, Саса 2, Охрид 1, Победа 1, Преспа 0, Г. Коњари 0.