Милионски долг го затвори ресторанот на НБА ѕвезда

311
Фото: Screenshot: YouTube

Ресторанот на НБА ѕвездата Џејмс Харден во Хјустон е под клуч поради наводни заостанати долгови за кирија што надминуваат 2,2 милиони долари. Ресторанот „Тритин“, отворен во 2021 година, е привремено затворен, а на вратата се појави известување за иселување, пишува „Дејли меил“.

На влезот од ресторанот на 1 септември беше објавено известување на име на сопственикот на зградата, во него се наведува дека управителот должи точно 2.217.430,05 долари неплатена кирија. Поради неплаќање на долгот, бравите на ресторанот биле сменети, Харден нов клуч ќе добие веднаш откако ќе ги подмири своите финансиски обврски.

 

ПретходноХрватски Сесвете е последниот ривал на Вардар во групната фаза на ЕХФ Европската лига
СледноЛазаров: Разочаран сум од некои играчи! Ако зборуваме генерално, задоволен сум од играта!