Заедно имаат 107 години: Тајсон и Мејведер договорија егзибициски меч!

63
ФОТО: Mike Tyson/X

Легендарните Мајк Тајсон и Флојд Мејведер се согласија да одржат егзибициски меч напролет 2026 година. Дали е ова добра или лоша вест за љубителите на боксот – а кој ќе знае? Секогаш е убаво повторно да се видат легенди, но гледањето борба, дури и егзибициска, на борци кои заедно имаат 107 години не звучи многу привлечно.

Сепак, CSI Sports/Fight Sports објави најава за егзибицијата, но без детали за датумот и местото на одржување. Беше објавено дека овие податоци ќе бидат утврдени подоцна. Мејведер има 48 години, а се пензионираше од професионалниот бокс во 2017 година со совршен резултат од 50-0 (27 нокаути). Својата последна борба ја имаше по двегодишна пауза против ММА борецот Конор Мекгрегор, која беше фарсично заведена како професионална борба и влезе во биографијата на двајцата. Од друга страна, Тајсон има 59 години. Својата последна борба ја имаше минатиот ноември. Во еден од најфарсичните моменти во историјата на боксот, неговата пресметка со Јутјуб ѕвездата Џејк Пол беше претставена како професионална борба.

Потоа 28-годишниот Пол лесно го победи Тајсон, кој упати само 18 удари во осум бавни рунди, и победи со едногласна одлука на судиите.

Некогаш еден од најголемите спортски идоли во светот, засекогаш сакана фигура во светот на боксот, Тајсон изгледаше како бледа сенка на боксерот кој последен пат играше професионално во 2005 година. А сега оди на егзибиција со боксер кој се смета за еден од најдобрите на сите времиња, но кој е околу 30 килограми полесен од него.

ПретходноАлкалоид се одјави од европската сцена (ФОТО)
СледноХрватски Сесвете е последниот ривал на Вардар во групната фаза на ЕХФ Европската лига