Лесно и е на Грција кога во своите редови има таква мега – ѕвезда како Јанис Адетокунбо. Еден од најдобрите кошаркари во НБА и во светот, вечерва во последниот меч од осминафиналето на ЕП 2025 против Израел, успеа да постигне 37 поени, а крајниот резултат беше 84:79.
Од ова се гледа како одиграл Јанис, тој сам ја однесе селекцијата на Грција во четвртфиналето.
Па така сега се познати сите двојки во оваа фаза од ЕП 2025:
09.09.2025:
Литванија – Грција
Турција – Полска
10.09.2025:
Германија – Словенија
Финска – Грузија
По ова познат е и пласманот од 9. до 24.место на ЕП.
9.Франција,10.Србија, 11.Италија, 12.Летонија, 13.Израел, 14.БиХ, 15.Португалија, 16.Шведска, 17.Шпанија, 18.Белгија, 19. Естонија, 20.Црна Гора, 21.В.Британија, 22. Исланд, 23.Чешка, 24.Кипар