ВМФЛ: Брегалница посакува триумф против Тетекс

113
ФОТО: FK Bregalnica/FB

Иако е празник 8 Септември, денеска (16 Ч) во Штип ќе се одигра фудбалски натпревар и тоа меѓу Брегалница и Тетекс. Овој натпревар требаше, како и сите останати од 3.коло во ВМФЛ, да се одигра во саботата, сепак поради настап на двајца фудбалери на Тетекс во репрезентацијата на Македонија до 19 години, истиот беше одложен за денеска.

Од таборот на Брегалница посакуваат победа и три бода, велат атмосферата по двете победи во низа е одлична, бараат поддршка од своите фанови со цел да се дојде до триумф против второлигашот од Тетово.

Во пресрет на овој последен меч од 3.коло еве како изгледа табелата во ВМФЛ:

Беласица 7, Кожуф 7, Шкендија Арачиново 7, Детонит 6, Новаци 6, Брегалница (-1) 4, Охрид 4, Скопје 4, Осогово 4, Слога Виница 3, Тетекс (-1) 3, Преспа 3, Вардар Неготино 3, Саса 2, Победа 1, Г. Коњари 0.

ПретходноСрамно: Ќе ја поправи ли конечно УЕФА својата грешка откако му го “украде“ голот на Дијамантот?!
СледноСензационално: Барса уште сега размислува да ја прекине позајмицата на Рашфорд?!