Интересно. Искусниот напаѓач Филип Петковски, потоа Андреј Кировски и Масааки Такахара од вчера се и официјално членови на Санта Луција, второлигашки клуб од Малта.
Петковски кој некогаш беше член на Работнички и Вардар, но уште на неколку клубови, потоа дефанзивецот Андреј Кировски на кого последен клуб му беше Гостивар, како и на Јапонецот Такахара кој играше за Гостивар, Струга ТЛ и Пелистер, во еден ден се промовирани од страна на Санта Луција и оваа сезона заедно ќе бидат дел од овој клуб на Малта.