За нешто помалку од еден час репрезентацијата на Македонија до 21. година ќе го започне вториот натпревар од тековните квалификации, против селекцијата на Италија на домашен терен во Битола, на реновираниот „Петар Милошевски“.
Нашиот национален тим во овој дуел влегува со нешто изменет состав во однос на првото коло и поразот во Полска од 3:0.
На голот на местото на Џеков е Васко Василев. Во последната линија се Даилоски Мелиќи и Џеков, а следуваат Меметриза, Ангелов, Зенделовски, Гаштаров и Данев. Во нападот повторно е Трајков но овојпат и Теодор Николовски.










