Грција ја спакува Литванија за европско полуфинале после 16 години

399
Фото: ФИБА

Грција се пласираше во полуфиналето на Европското првенство, откако ја совлада Литванија со 76-87. Нашиот јужен сосед за место во финалето ќе игра против Турција. Грција ќе игра полуфинале на ЕП после пауза од 16 години, последен пат играше во 2009 година, освои бронзен медал.

Лидер во редовите на победникот беше Јаникс Адетокумбо, кој постигна 29 поени, на другата страна Валачиунас имаше дабл-дабл од 25 поени и 15 скока.

Литванија го отвори мечот со 7-0, но Грција успеа да приреди пресврт и на крајот на првата четвртина да го превземе водството (19-24). Од овој момент темпото го диктираа момците на Спанулис, кои на стартот на вториот период имаа двоцифрени 24-25. На одморот резултатот беше 38-44.

Со двете слободни фрлања на Слукас, Грција во 27 минута за првпат поведе со плус 12 (43-55). Грција водеше и со 55-71 во 33 минута, на другата страна Литванија го немаше вистинскиот рецепт за да се врати и да приреди драма, не успеа да ги казни сите промашувања и загубени топки на противникот. На минута до крајот намали на оусм поени негатива (70-78), па на 76-84, но Грција успеа да оддолее и да дојде до победа.

ПретходноГигс пак нема да влезе во „Куќата на славните“, братот со кого не разговара: Срамно!
СледноСениорски Европски куп во Џудо на 20 и 21 септември во Скопје