Факти за Лигата на шампиони: Рекордот на Лазаров останува недостижен!

279

Денеска стартува новата сезона во Лигата на шампиони. И овој пат Пелистер ќе биде македонскиот претставник во елитното клупско натпреварување. Бранител на титулата е Магдебург.

Како и секогаш така и овој пат пред почетокот на ЛШ, ЕХФ излезе со интересни факти, а еден од нив е дека Кирил Лазаров останува најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување и покрај тоа што веќе е во „пензија“. Лазаров има 1468, зад него е Тимур Дибиров со 1212 погодои по што следат Никола Карабатиќ и Микел Хансен. Со оглед на тоа дека врвот на листата ја сочинуваат пензионирани ракометари, во тој случај Лазаров долго време ќе остане „кралот на стрелците“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Upskill Handball (@upskill_handball)


Нешто што не треба да се заборави е дека Вардар има две шампионски титули.

ПретходноХаос во Белград: Масовна тепачка меѓу српските навивачи (ВИДЕО)
СледноШоу на Суарез со четири гола: Боливија преку Бразил до бараж, Венецуела во солзи!