Македонија со свој тим на Европското првенство во пикелбол во Италија

31
фото: Pickleball Association N.Macedonia (facebook)

Македонската репрезентација во Пикелбол ќе го направи историскиот чекор со учество на претстојното Европско првенство во пикебол кое ќе се одржи во Рим, Италија. Во периодот од 18 до 22 септември, нашиот национален тим ќе се натпреварува со уште 32 европски земји во повеќе категории.

Македонија на овој европски шампионат ќе се претстави во апсолутна категорија (поединечна, двојки и мешани двојки), како и во категоријата 50+ (поединечно и во двојки).

Европскиот шампионат ќе се одржи во престижниот спортски комплекс Форо Италико во Рим, под организација на Европската и Италијанската покелбол федерација.

Селектор на репрезентацијата на Македонија е Зоран Леонтиќ, а во составот на нашата репрезентација се најдоа: Горан Стевчевски, Кирил Сотировски, Боро Варошлија, Петар Леонтиќ, Ален Стефановски, Никола Перевски, Зоран Леонтиќ, Веселинка Локвенец и Илина Тодоровска.

 

ПретходноОдредени и саатниците: Вардар против Сесвете на 14 октомври од 18:45 часот
СледноТалант Душебаев: Би потпишал за Кјелце до 2035 година со затворени очи