Денес започна Светско Првенство во атлетика кое се одржува во Токио, Јапонија во периодот од 13 до 21 Септември.
На ова првенство ќе настапат нашите најдобри атлетичари Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова по претходно остварени норми преку ранкинг системот на свестка атлетика.
Прва на програмата ќе настапи Адријана Поп Арсова и тоа утре (недела) во нејзината дисциплина маратон со почеток во 7:30 часот, односно 00:30 часот (централно евроско време).
Дарио Ивановски својот настап ќе го има на 15-ти септемвери (понеделник) во неговата дисциплина маратон, со почеток во 7:30 часот, односно 00:30 часот (централно евроско време ).