Лудо „Дерби на Италија“: 19-годишниот Аџиќ донесе победа за Јувентус (ВИДЕО)

221

Неверојатен спектакл на „Дербито на Италија“ вечерва во Торино. Во меч со голем број пресврти и седум постигнати гола, Јувентус славеше против Интер со 4:3.

Херој е младиот црногорски фудбалер Василије Аџиќ, кој постигна фантастичен гол за триумф на домашните во 91-та минута.

Интер имаше голема теренска иницијатива во првото полувреме и 63% посед на топката, но Игор Тудор реши да го почека ривалот на својата половина, и тоа му се исплатеше. Јувентус отиде на полувреме со предност од 2:1 со головите на Кели и Јилдиз, додека Чалханоглу погоди за Интер.

Во вториот дел Интер комплетно се врати и со двата гола на Чалханоглу и Турам дојде до целосен пресврт за 2:3.

Следуваше нов напад на Јувентус и по само 7 минути од голот на Турам, Кенан Јилдиз испрати центаршут од слободен удар од десната страна, а играчот од средниот ред Кефрен Турам беше најдобар во скокот и постигна гол со глава за 3:3.

Одлуката падна во 91-та минута, кога 19-годишниот Аџиќ распали од далечина и го матираше Зомер за конечни 4:3.

ПретходноГРК Охрид како „фурија“, ја победи Струга со 24 гола разлика
СледноБарди во елемент: Нов гол на капитенот во дресот на Коњаспор (ВИДЕО)