Џеди Осман: Среќен сум што во мојот Охрид и во Македонија се пратат сите мои успеси

267

Џеди Осман не успеа со Турција да дојде до посакуваното злато. Неговата репрезентација во финалето на Европското првенство беше поразена од Германија иако тој и неговите соиграчи имаа шанса да се искачат на подиумот.

Осман во текот на целото првенство имаше поддршка од Македонија, тој е роден во Охрид, а колку го сака овој град и нашата земја говори и фактот дека својата свадба со познатат турска глумица ја направи покрај охридското езеро. Тој на Ол-стар натпреварот настапи со патики со македонско и турско знаме.

„Среќен сум што и во мојот Охрид и во Македонија со задоволство се пратат моите успеси и добивам бројни честитки од мои пријатели и роднини од Охрид и Македонија. Јас секогаш максимално мислам и се трудам позитивно да го претставувам и мојот роден крај“, рече Осман, кој го одигра целото финале, што пак е реткост кога станува збор за било кое натпреварување.

Осман се најде во втората најдобра петорка на шампионатот.

ПретходноДарио Ивановски заврши на 58. место во Токио
СледноЛина Ѓорческа со скок од 32 места на ВТА-листата