Лина Ѓорческа со скок од 32 места на ВТА-листата

118
Фото: www.mtftennis.mk

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа беше блиску до освојување на трунирот во Букурешт. Во финалето беше совладана со 2-1 од тинејџерката која го свои јуниорскиот Ролан Гарос, Лили Тагер.

Ова за Ѓорческа беше петто финале во 2025 година или вкупно 40.то во кариерата, а има две турнирски победи во 2025 и вкупно 15 во кариерата.

Самиот пласман во финалето на Лина и донесе бодови и напредок на ВТА-листата. Таа забележа скок од 32 места и сега се наоѓа на 207 место. Најдобриот ранкинг која го имала нашата тенисерка е 170. место.

 

ПретходноЏеди Осман: Среќен сум што во мојот Охрид и во Македонија се пратат сите мои успеси
СледноАтаман за првпат остана без зборови