Ергин Атаман не успеа да ги сокрие солзите пред турскиот народ (ВИДЕО)

102
Фото:x.com/lemarcaspors_

Ергин Атаман се надеваше дека ќе успее да ја победи Германија со Турција во финалето на Европското првенство, но тоа на крајот не се случи.

По финалниот натпревар одигран во Рига, Турците се вратија во Истанбул. Иако не го освоија златото, беа пречекани како херои, а тоа најдобро го покажува бројот на луѓе што беа на аеродромот во Истанбул.

Таму турскиот селектор, Атаман, го одржа својот говор.

„Овој сребрен медал е голем успех за турскиот народ и многу сум горд на момците. Сепак, многу сум тажен. Историјата памети само шампиони, а ние ја пропуштивме за влакно. Им се извинувам на нашите граѓани кои веруваа во нас и кои го чекаа трофејот пред малите екрани. Верувам дека овие играчи, кои ја вратија турската кошарка на врвот на Европа, многу брзо ќе го донесат купот во нашата земја. Благодарност до турскиот народ чија поддршка растеше од ден на ден за време на првенството. Овие момци го претставуваа турското знаме со голема страст до последната секунда. Сонував да му ја донесам шампионската титула на турскиот народ, но го загубивме првенството со последната топка. Сепак, го натеравме турскиот народ повторно да ја засака кошарката и за тоа им се заблагодарувам на овие момци уште еднаш“, рече Атаман.

Она што беше очигледно беше дека Атаман се обидуваше да ги скрие солзите, но не беше во можност да го стори тоа.

Покрај Атаман, на публиката им се обрати и Џеди Осман, капитенот на тимот.

„Ја почувствувавме вашата поддршка во текот на овие денови. Сакавме да се вратиме со пехарот, но за жал не го сторивме тоа. Верувајте ми, дадовме сѐ од себе. Се надевам дека сте горди на нас. Без вашата поддршка, ќе беше многу тешко да стигнеме до тука. Ви благодариме што постоите“, рече Осман.

ПретходноПелистер во четврток во Париз, во недела во Автокоманда!
СледноУтре е ждрепката за 1/8 финалето во Купот на Македонија!