Алекс Мумбру, селекторот на Германија, мораше да се врати во болница наместо да го прослави златниот медал. Тој отишол на преглед по завршувањето на Евробаскетот, а лекарите одлучија да го задржат.
Според „Мундо Депортиво“, тој ќе остане во болница најмалку две недели за да може внимателно да се следи неговата состојба.
Лекарите наводно биле шокирани од фактот дека Алекс Мумбру успеал да ги преживее последните денови од турнирот во состојбата во која се наоѓал.
Исто така, извештаите наведуваат дека тој изгубил дури седум килограми во тој период.
„Во последните денови сфатив дека не сум физички подготвен да го водам тимот за време на натпреварите. Затоа решив да ја сменам распределбата на улогите и Алан да ја преземе одговорноста на главен тренер за време на натпреварите.“ – објасни Алекс Мумбру.