
Формула 1 и ФИА ги објавија имињата на шесте локации на кои во 2026 година ќе се возат спринт-трки.
Шест патеки во сезоната 2026 ќе бидат домаќини на спринт-трките во Формула 1. Денеска Ф1 и ФИА ги потврдија локациите на овие трки.
За првпат спринт-трки ќе се возат во Монтреал, Зандворт и Сингапур, а тука се и Шангај, Мајами и Силверстоун.
Првата спринт-трка ќе се одржи на Големата награда на Кина од 13 до 15 март, по што шампионатот се сели во Северна Америка (Мајами и Монтреал).
Европските патеки за спринт-трки се британскиот Силверстоун и холандскиот Зандворт, а последната спринт-трка ќе се вози во Сингапур.
Датумите и локациите на спринт-трките во 2026 година:
-
Шангај, Кина: 13–15 март
-
Мајами, САД: 1–3 мај
-
Монтреал, Канада: 22–24 мај
-
Силверстоун, Велика Британија: 3–5 јули
-
Зандворт, Холандија: 21–23 август
-
Марина Беј, Сингапур: 9–11 октомври
Новата Ф1 сезона започнува на 6 март во Австралија, а завршува на 6 декември во Абу Даби. Вкупно ќе се возат 24 трки.