Башкими бил лекот за Силекс

296

Екипата на Башкими ја забележа втората победа на домашен терен и ја прекина серијата од 5 победи на Силекс. Екипата од Куманово имаше лесна иницијатива на почетокот од натпреварот, но мораше да почекаме до 21-та минута за да ја видиме првата шанса на натпреварот во Куманово.

По центаршутот од десната страна, Ајдоган аситираше до Аворнио, кој во вториот обид успеа да го совлада голманот Џеков за 1-0. Екипата од Куманово продолжи со притисокот и само шест минути подоцна, Хоџиќ влезе во шеснаесетникот и шутираше силно, но гостинскиот голман беше на вистинското место. Во 35-тата минута, по брзиот контранапад на Силекс, Мирчевски асистираше во шеснаесетникот, но гостинскиот напаѓач, Алич, не успеа да ја насочи топката кон голот на Башкими, а беше спречен и од Фисник Зука.

Во 43-тата минута, Силекс ја имаше најдобрата шанса да го израмни резултатот, Бутуровиќ центрираше во опасната зона, додека Мигуел Пирес, со глава ја насочи топката кон голот на Башкими. Но голманот Јашар со супер интервенција ја насочи топката во корнер. И во продолжението на истата акција, Мирчевски шутира од 20 метри, но голманот Јашар повторно интервенираше со успех и ја насочи топката во корнер. Башкими продолжи со исто темпо и во второто полувреме и во 53-тата минута успеа да го зголеми водството на 2-0. Алексовски се најде на вистинското место и ја зголеми предноста на домашната екипа.

Во 60-та минута Башкими остана со еден играч помалку на теренот, откако Фисник Зука беше казнет со втор жолт картон. И казната доаѓа веднаш, откако Силекс постигна гол во првата акција. Додев центрира кон далечната статива, каде што Мигуел Пирес беше сам и лесно и со глава ја насочува топката во голот на Башкими за 2-1. Во 72-та минута Мигуел Пирес шутираше силно од десната страна, но Јашар беше сигурен на голот на Башкими.

Во 82-та, Тимовски се обиде од 16 метри , но топката заршува над пречката. Во последните моменти, Силекс имаше идеална шанса за да го израмни резултатот, но Матески не беше прецизен. Во 7-то коло, Башкими е гостин во Битола против Пелистер, додека Силекс ќе го пречека Струга Трим Лум во Кратово.

ПретходноХристов и Талаков за нов триумф на Македонија ЃП
Следно„Лавовите“ добро одработија против Брера (ФОТОГАЛЕРИЈА)