Ашковски е нов фудбалер на Раднички Ниш

73
фото: FK Radnicki Nis (Facebook)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Ашковски е нов играч на Раднички од Ниш. Вечерва клубот го потврди трансферот на нашиот интернационалец.

Ашковски кој е дете на Партизан од Белград, веќе играл за Напредак и Нови Пазар во Србија, а последен пат беше дел од српскиот шампионат пред десет години.

Тој ја изгради својата кариера во Турција, Холандија, Полска, Бугарија, Романија и Грција, а играше и за сите национални тимови на Македонија.

„По една деценија, се вратив во Србија и можам да кажам дека сум пресреќен што сум тука. Раднички е клуб со традиција, одлични навивачи и богата историја. Сакам да ни помогнам да постигнеме подобар пласман од минатата година и да се квалификуваме за плејофот“, рече Ашковски на презентацијата.

ПретходноПрвиот ривал на Вардар го смени тренерот, во Скопје доаѓа со Игор Вори на клупата
СледноТрагедија: На фудбалски меч почина некогашниот капитен на Црвена звезда