Охриѓанецот Осман – жртва на финалето на Европското првенство

268
Фото: ФИБА

Турскиот кошаркар најверојатно нема да биде на располагање на тимот на Панатинаикос поради повредата што ја заработи на Европското првенство.

Ергин Атаман нема да може да смета на Осман, кого го водеше на последниот Евробаскет, каде што Турците го освоија сребрениот медал откако загубија од Германија во финалето.

Патанаикос ќе игра во Австралија против Партизан во рамките на турнирот „Павлос Јанакопулос“ во Сиднеј.

Осман одигра одлично Европско првенство, каде што забележа просек од 16 поени, и сигурно е дека ако ги донесе овие натпревари во Атина, ќе биде еден од подобрите играчи во зелениот тим, кој повторно се стреми кон најголемите достигнувања во Евролигата.

Турскиот кошаркар беше вклучен во втората петорка на Европското првенство, каде што е и Никола Јокиќ.

ПретходноСтартна победа за Ѓорческа во Куршумлијска Бања
СледноМакедонските фудбалери до 18 години одиграа нершено против Унгарија