Тренерот на Пелистер: Треба да бидеме горди на овој тим! Овие момци не ја загубија вербата!

63

Пелистер има за што да жали, но има и причина да биде горд за онаа рамноправна игра против еден тим како што е ПСЖ. Актуелниот македонски првак се најде во ситуација да води со три гола, претходно да се врати од негатива од пет гола, но во финишот не го задржа темпото, за што беше казнет и поразен со нерални 33-27.

Шпанскиот стратег на Пелистер, Рубен Гарабаја после мечот потенцира дека сите треба да бидат горди, бидејќи веруваа и кога се чинеше дека ПСЖ е на добар пат да дојде до победата, но до истатата се измачи.

„Не смеам да бидам незадоволен. Пелистер направи добра работа, штета што загубивме во последните пет минути. Треба да бидеме горди на овој тим. Во соблекувалната после натпреварот имаше само лути и тажни лица, тоа значид ека овие момци веруваа во победа.

Не губевме надеж и покрај тоа што губевме пет гола. Верувавме во себе и направивме пресврт. Борбеноста е во нашата ДНК без разлика со кого играме“.

За Пелистер ова беше прв пораз после победата над Загреб на домашен терен.

ПретходноМитревски: Покажавме дека можеме да се носиме со квалитетни противници!
СледноКонте: Против Манчестер Сити тешко е со 11, а не пак со 10 играчи на терен