Со особена чест и гордост, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски му го додели признанието на селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, како знак благодарност, посветеност и придонес во афирмацијата и промоцијата на општината.
Благодарение на неговата посветена работа со националниот тим,
Ѓорче Петров и Македонија се препознаваат по успесите и истрајноста.
Се разбира дека ова треба да биде мотив плус за селекторот на нашата најдобра репрезентација да продолжи со успешните резултати и победи со нашата А-селекција.