Верстапен ја освои ГН на Азербејџан

30

Заврши Формула 1 викендот во Азербејџан. Поточно предмалку финишираше трката за големата награда на оваа земја, која што се возеше во главниот град Баку.

Победник е Макс Верстапен кој што ја држеше и пол позицијата по вчерашниот официјален тренинг.

Тој ја мина целта со најдобро време, додека пак на втората позиција со 14.609 заостанување се пласираше Џорџ Расел. На третото место на пиедесталот се искачи Карло Саинц Џуниор.

Во генеларниот пласман води Оскар Пиастри со 324 бодови пред Ландо Норис со 293, додека Верстапен е трет со 230.

 

ПретходноРома го доби вечното дерби против Лацио
СледноАморим: Секогаш е комплицирано за нас