Младинските и регионалните лиги прекинуваат, сезоната ќе остане незавршена?

95

Откако Владата денеска им наложи на сите клубови кои се натпреваруваат во домашните шампионати да прават задолжителни тестови на ковид-19, младинските и регионалните фудбалски лиги во нашава земја одат на пауза.

Поради финансиска немоќ да го издржат товарот на постојани ПЦР тестови пред секој меч, клубовите во младинските лиги, како и оние од фудбалските региони денеска и официјално потврдија дека првенствата нема да продолжат. Останува да се види дали во догледно време може да се најде некакво решение, затоа што во ваква ситуација сезоната сигурно нема да биде завршена во овие лиги.

Од друга страна дознаваме дека Фудбалската федерација на Македонија ќе стори се сепак регионите, кои се пет на број, да завршат со своите првенства, или пак да се одиграат доволно кола за да се прогласат победниците. Ќе се следи ситуацијата и веднаш ќе се реагира. Сепак факт е дека во текот на следните десет дена или две недели, нема да има фудбал во регионалните натпреварувања.

Инаку тие се важни и поради пополнување на двете втори лиги. За потсетување, шампионите од двата региони на истокот, директно ќе се пласираат во ВМФЛ – ИСТОК, додека прваците од трите региони кои гравитираат во западот ќе играат бараж, како што беше и минатата година. Две од тие три екипи низ баражот, ќе обезбедат пласман во ВМФЛ – ЗАПАД.

Во секој случај останува да сочекаме, засега првенствата во регионите се прекинати.

ПретходноИзречени казните за хаосот во Тетово: Суспензии за делегатот и судиите на мечот
СледноАрон Палмарсон три години во Алборг