Наследство што обврзува: Македонија доби признание од ЕХФ!

183

Викендов во центарот на вниманието беше Европската „куќа на ракометот“. Покрај Изборниот Конгрес и формирање на комисии, од страна на првите луѓе на ЕХФ беа доделени специјални награди и признанија не десет федерациите кои во периодот од 2021 до 2025 биле врвни организатори на првенства.

Македонија е една од земјите која доби признание од ЕХФ. А заслугите одат на адресата на претходното раководство на РФМ, кое беше предводено од претседателот Живко Мукаетов и генералниот секретар, Филип Милошевски, кои оставија силен печат во европскиот и светскиот ракомет.

Во периодот од 2021 до 2025 година, РФМ беше организатор на бројни ЕХФ и ИХФ првенства како ЕХФ Шампионати, а круната на беше Европското женско сениорско првенство во 2022 година. Ова континентално натпреварување беше организирано по сите европски и светски стандарди.

Примерите од ЕП 2022 и другите шампионати покажаа дека и мала земја може да биде голем домаќин, доколку има визија, организација и љубов кон спортот.

Добро е познато дека токму благодарение на Мукаетов и Милошевски, Ракометната федерација на Македонија ја изгради довербата и угледот во ЕХФ. Професионалното работење и исполнувањето на строгите стандарди направија Македонија да стане земја за почит, која сите ја препознаваа како сигурен партнер.

ПретходноСилекс со победа против Струга ТЛ ќе го „лечи“ поразот во Куманово
СледноМарота се закани: Милан и Интер ќе се иселат од Милано доколку не биде изграден нов стадион