Македонија е едно место подоле во ФИБА ранкингот кога станува збор за рангирањето на машките национални селекции во европската зона на Светската кошаркарска федерација!
Машката сениорска репрезентација на Македонија е на 59. место на светската рејтинг-листа, објавија од ФИБА, по завршувањето на прет-квалификациите, оние од августовскиот ФИБА „прозорец“.
По ова најново рангирање на Светската кошаркарска федерација, имаме вкупно 198.6 бодови, доволни за нашата најдобра селекција да ја има и 29. позиција во рангирањето кога станува збор за европската зона на ФИБА.
Од нашите противници во групата, оној наредниот, во ноемврискиот ФИБА „прозорец“, односно претквалификациите за Евробаскетот 2029, репрезентацијата на Ирска е на 37. позиција во европски, односно на 82. место во светски рамки, и има вкупно 118.1. бода.
Луксембург бележи пад од две позиции, и сега е на 39.позиција во Европа, односно на 88. во светот со 109.0 бодови, додека пак Азербејџан, иако напредуваше за три места, сега е на 107.место во светскиот рејтинг, односно на позицијата број 44 во оној европскиот со 75.9 бода.
Инаку, лидер во светскиот поредок останува САД кој има 845.8 бодови, на втората позиција сега е Германија, новиот европски првак има 765.9 бода доека Србија „падна“ за една позиција, со 761.8 поени. А во светскиот ТОП 5 се уште и репрезентациите на Франција и Канада.