Усман Дембеле или Ламине Јамал? Тоа е прашањето на кое одговор ќе добиеме вечерва околу нешто после 22 часот. Фудбалскиот свет е во транс, сите со нетрпение го очекуваме моментот кога Роналдињо ќе му ја предаде „Златната топка“ на најдобриот на гала – манифестацијата во театарот „Шателе“.
Ќе се поделат повеќе признанија за најдобрите за сезоната 2024/25, но секако дека најважното е кој ќе ја добие во машка конкуренција најпрестижата индивидуална награда во светот на фудбалот.
Познато е дека во конкуренција беа 30 играчи, а организаторот “Франс Фудбал“ објави распоред на тие што се пласираа од 30. место па до 12.
Погледнете каде завршија Винисиус, Халанд, Кејн, Рајс, Белингем, Левандовски…
11.Педри (Барселона – Шпанија)
12.Квича Кварацкелија (ПСЖ – Грузија)
13.Хари Кејн (Баерн – Англија)
14.Десире Дуе (ПСЖ – Франција)
15.Виктор Ѓокереш (Спортинг, Арсенал – Шведска)
16.Винисиус (Реал – Бразил)
17.Роберт Левандовски (Барселона – Полска)
18.Скот Мектоминеј (Наполи – Шкотска)
19.Жоао Невеш (ПСЖ – Португалија)
20.Лаутаро Мартинез (Интер – Аргентина)
21.Серху Гираси (Дортмунд – Гвинеја)
22.Алексис МекАлистер (Ливерпул – Аргентина)
23.Џуд Белингем (Реал – Англија)
24.Фабијан Руиз (ПСЖ – Шпанија)
25.Дензел Дампфрис (Интер – Холандија)
26.Ерлинг Халанд (Манчестер Сити – Норвешка)
27.Деклан Рајс (Арсенал – Англија)
28.Вирџил ван Дајк (Ливерпул – Холандија)
29.Флоријан Вирц (Баер, Ливерпул – Германија)
30.Мајкл Олисе (Баерн – Франција)